Екипата на Рома ќе остане без својот заштитен знак, откако Даниеле де Роси после 19 сезони ќе замине од клубот. Сигурно е дека заминува од Рома, а каде ќе продолжи со кариерата или ќе прекине ќе одлучи после разговорите со најблиските и менаџерот.

Де Роси е помеѓу ретките играчи во модерниот фудбал кој целата кариера му ја посветија во еден клуб. Затоа, 35-годишниот фудбалер ужива голем респект кај навивачите во цела Италија и светот.

  • Да можам да го вратам времето повторно ќе одберам да го носам дресот на Рома. Жалам за една работа, што брилијатната генерација во која и јас бев дел не освои значаен трофеј, а го заслужи. Знам колку години имам и што значат во фудбалот, затоа ја разбирам одлуката на управата која ми понуди да работа во управата на клубот. Сакам да бидам тренер, но себе си не се гледам како директор на Рома, бидејќи се` уште се чувствувам како фудбалер. По завршување на сезоната ќе заминам на одмор, а кога ќе се вратам во разговори со мојата фамилија и менаџерот ќе одлучиме како и што понатаму.  – изјави Де Роси.

Минатата сезона, „волчицата“ остана без Франческо Тоти, а оваа без Де Роси и сигурно во Рома завршува една епска приказна со која не можат многу клубови да се пофалат.

OhridNews

Олимпико повторно ќе рони солзи, Де Роси заминува во легендите