Европската унија силно ги поддржува активностите што ги спроведува локалната самоуправа во Охрид насочени кон зачувување на статусот што регионот го има како светско природно и културно наследство заштитено од УНЕСКО.

Тоа го истакна евроамасадорот Дејвид Гир на денешната средба со градоначалникот на Охрид Константин Георгиески, на која се информираше за напредокот на активностите што се преземени од претходната нивна средба до сега.

Георгиески претходно денеска со премиерот Зоран Заев извршија увид на дел од охридското крајбрежје каде што Општина Охрид во текот на изминатиот период спроведуваше активности за отстранување на бесправните објекти по што беше извршено уредување и подготовка на плажите во пресрет на туристичката сезона.

OhridNews