Дебарчанец заработи кривична пријава, за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“.
Според информациите на охридската полиција, на 2-ри август 2014 година, во 20 часот и 20 мунути во Охрид, од страна на полициски службеници е извршен преглед над пријавениот при што во неговиот ранец се пронајдени најлонско пакување со 3,95 грама марихуана и две таблети „МДМА“.
OhridNews