Со низа свечености денеска ќе биде одбележан  30 годишниот јубилеј на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

По тој повод во катедралната црквата „Света Софија“, утрово, ќе се служи света архиерејска литургија, на која ќе чиноначалствува неговото блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан со останатите членови на Светиот Архиерејски Синод на Македонската православна црква.

По завршување на светата литургија ќе биде осветен новиот Митрополитски административен центар кој се наоѓа до основното училиште Свети Климент Охридски.

OhridNews