
На семинарот ќе присуствуваат новинари од националните и локалните медиуми кои покриваат теми од верско значење, како и претставници на петте верски заедници Бобан Митевски од Македонската Православна Црква –Охридска Архиепископија, Јакуп Селимовски од Исламска верска заедница, Гоце Спасов од Католичка црква, Михаил Цеков од Евангелско-методистичка црква и Рахамин Мизрахи од Еврејска заедница.
Како што информираат организаторите, целта на проектот е да се создаде свест кај населението за верска толеранција и прифаќање на различното религиозно убедување, како и да се придонесе за демократскиот процес за промовирање на слободата на изразување, меѓуверскиот дијалог и религискиот плурализам.
OhridNews











