Дебата за културата во Охрид ќе се одржи денеска во Центарот за култура „Григор Прличев“ во 13 часот. На тркалезната маса, што ја организира Младинскиот совет од Охрид, поканети се претставници на институциите од областа на културата во општина Охрид, претставници на комисијата за општествени дејности при советот на општина Охрид и членови на работната група за култура која функционира во Советот на млади на општина Охрид.

На тркалезната маса ќе се зборува за актуелните проблеми и потреби во областа на културата во општина Охрид, со цел да се согледаат можностите за вклучување на институциите при реализација на активности од областа на културата. На трибината ќе и претходи средба со уметници, поети, културно уметнички друштва, балетски групи, танцовиот клуб, музичото училиште,  претставници на аматерскиот и професионалниот , како и со претставници на основните и средните училишта во кои функционираат хорови, драмски секции и оркестри. 

OhridNews