Охрид од денеска е домаќин на меѓународната конференција „Криминални организации на дрога-состојби во ЕУ со посебен фокус на балканските простори“.

Конференцијата, на која што е најавено присуство на експерти и високи полициски функционери од областа на борбата против трговијата со дрога од повеќе европски земји, меѓународни институции и организации, ќе ја отвори првиот човек на бирото за јавна безбедност при МВР, д-р Љупчо Тодоровски.
    
Меѓународната конференција на експертите во областа на борба против дрога е во организација на Женевскиот центар за демократска контрола на вооружените сили (ДЦАФ) и министерството за внатрешни работи на Република Македонија