Македонската фудбалска репрезентација на најдобар можен начин со триумф над Норвешка (2-0) во контролниот меч на „Филип Втори“ арената ја заврши една од најуспешните години на репрезентативен план.
Пресметката со норвежаните вечно ќе ја памети охриѓанецот Кире Маркоски кој со дебитанскиот погодок во А репрезентацијата ја запечати победата. Претходно резултатот го отвори капитенот на „црвено жолтите“, Горан Пандев.
Македонија во петтиот меч најде рецепт за норвежаните и стигна до петтиот вкупен триумф во 2017 година. После овој триумф сигурно „црвено жолтите“ ќе забележат нов напредок на ФИФА рејтинг листата за месец декември.
Фото: Екипа.мк
OhridNews