Охридските пинг-понгари стигнаа до првата победа во Првата пинг-понгарска лига на Македонија.
Во третото коло екипата на ППК “Охрид” ја совлада екипата на “Спин Стига“ од Скопје, со резултат 5:4.
Во четвртото коло охриѓани претрпеа пораз од екипата на “Ѓорче Петров“ од Скопје, со резултат 5:0.
Наредниот турнир, натпреварите од 5 и 6 коло се играат во Охрид, наредната сабота со почеток во 10.00 часот, во спортската сала при ОУ “Григор Прличев”










