Стручњакот Стефано Пиоли ја забележа првата победа на клупата од Милан откако неговите избраници со минимални 1-0 (0-0) го совладаа тимот на Спал во последниот натпревар од 10-та рунда во Калчо лигата.

„Росонерите“, не брилираа пред своите гледачи но заслужено стигнаа до бодовите со оглед дека констатно напаѓаа и креира прилики. Разлика на Сан Сиро направи Сусо, кој погоди од слободен удар во 63-та минута од натпреварот.

Со трите освоени бодови Милан ќе се искачи на 10-та позиција, додека Спал останува во долниот дел од табелата со само седум освоени бодови.

OhridNews