Новиот селектор на Македонија, Раул Гонзалес Гутиерез имаше победнички почеток, откако неговите избраници со 30-25 (15-13) ја совлада репрезентацијата на Исланд во третата рунда од квалификациите за Европското првенство во Хрватска следната година.
„Црвено жолтите“ со триумфот над исланѓаните во преполната спортска арена „Борис Трајковски“ го запоседнаа врвот на табелата после три одиграни мечеви во квалификациите.
Македонија исклучувајќи ги почетните минути од натпреварот целосно го контролираше резултатот кој достигнуваше и плус четири на семафорот.
Ракометарите на Исланд неколку пати најдоа начин да ја анулираат предноста, но не и за фуризниот финиш кој му донесе нова радост на ракометна Македонија.
По кој знае кој пат предводник на нашата селекција беше Кирил Лазаров со 11 погодоци, Талески застана на 5, Стоилов и Миркулоски 4 голови, а на голот одличен беше Борко Ристовски со 17 успешни интервенции.
Фото: Екипа.мк
OhridNews