На состанокот, пред присутните, ќе бидат презентирани предвидените активности од проектите „Доброволно предавање на нелегално оружје„ и „Превенција од злоупотреба на оружје„. кој се одвива под мотото „Да прославиме без оружје„.
Средбата со советодавната група граѓани ке биде искористена и за конкретизирање на мерките за едукација на учениците за опасностите при употреба на пиротехнички средства.
Целта на овие проектни активности е едукација на населението за законската легислатива од Законот за оружје, укажување на потребата од избегнување на неовластена употреба на оружје, а особено неговото користење на разни свечености и можните ризици и опасности од неговата злоупотреба.
Во врска со овие планирани проектни активности, на состанокот, на кој ќе биде презентиран видео и пропаганден материјал, свои излагања ќе имаат претставници на Советот на родители, Секторот за внатрешни работи Охрид, Секторот за Образование во Општина Дебрца, од Локалниот совет за превенција,Општата болница Охрид, Невладините организации, Црвениот крст, ОБСЕ.