Од локалната самоуправа на општина Дебрца велат дека и по изминати повеќе од шест месеци од промената на власта , големите долгови што биле наследени во јавното комунално претпријатие и понатаму претставуаат проблем за неговото тековно работење.
– Секојдневно пристигнуваат решенија и тужби, па и извршители кои си ги бараат ненаплатените долгови створени од тогашниот директор Благјоче Стојчески. Имено, за неговото незаконско работење доказ е пристигнатото решение за извршување на ЈПК Дебрца, во износ од 132 300 денари за пресудата според која екс директорот во неговото раководење направил повреда на членови од законот за животна средина и по негова вина сега и јавното претпријаите треба да ги покрива тие казнени трошоци. Во овој период акцент беше ставен за покривање на старите долгови, како на пример од сегашното раководство беше и доплатен и камионот за собирање на отпад, се вложија тешки напори за плаќање на огромниот долг спрема евн, се навбавиа средства непоходни за работа и ред други работи, велат од локалната самоуправа.
Оттаму додаваат дека и покрај тешката состојба , јавното претпријатие продолжува со своите активности, се соочува со предизвиците, со надеж и ентузијазам дека наредниот период ќе бидат покриени сите заостанати долгови, и дека конечно ќе се подобри сликата за јавното претпријатие.