Екипата на Дебрца е првиот финалист во охридската Општинска лига. “Црвените“ пласманот во финалето го обезбедија со пресврт победата во вториот дел против Лакочереј 4-2.

Лакочереј не успеа да игра во финалето иако по првите 45 минути имаше предност од 2-0 со головите на Антонио Китески и Ѓуро Мурџоски.

Фудбалерите на Дебрца со головите на Љупчо Трпески, Васко Тасески, Љубе Суклоски и Ѓоко Филиповски во вториот дел направија комплетен пресврт и се пласираа во финалето.

Противник на Дебрца во финалето ќе биде победникот од вториот полуфинален дуел Воска – Сатеска. Натпреварот се игра в недела со почеток во 14 часот.

Мх.П.