Екипата на Дебрца е победник во Општинската фудбалска лига. “Белите“ во финалниот натпревар на „Атина Бојаџи“ со 2-0 ја совладаа Сатеска и обезбедија пласман во Третата лига.

Човек на одлука беше Александар Целески, кој по еднаш во двете полувремиња со погодок ги казнуваше грешките на потесната одбрана од Сатеска.

Во финишот на мечот победа ја зачини голманот Трпески, кој успеа да го скроти ударот од белата точка на Секуловски.

Мх.П.