По повод одбележувањето на Меѓународниот ден на здрава храна, денеска со поддршка на општина Охрид и Министерството за труд и социјална политика, во објектите на ЈОУДГ „Јасна Ристеска“, се одржаа повеќе работилници во кои покрај децата беа вклучени и нивните родители.
Целта на работилниците беше поорганизирано и поодговорно да се пристапува кон афирмација на процесот на одгледување и конзумирање здрава храна.
-Комбинацијата на здрава храна, одгледување на зеленчуци во органските градини, вклучување на родителите во едукацијата за важноста на здравата храна во детските градинки, претставува интегрален пристап кој влијае на перцепцијата на децата за здравата храна, беше речено во рамки на работилниците.
Исто така според предвиденото, заедно со родителите на децата во еден од маркетите во Охрид се спроведе и акцијата „Умните деца пазаруваат умно“, по што се одржа подготовка на здрава храна во занималните.
OhridNews