Дечињата од охридските села Лескоец, Косел, Велгошти и Подмоље во иднина ќе добијат Детски игралишта каде што ќе можат да се забавуваат и да се рекреират.

Според „Развојната програма за уредување на градежно земјиште на Општина Охрид за 2014-2016 година“, освен во селските средини, игралишта со детски реквизити ќе бидат поставени и во охридските населби Кошишта и Видобишта.

За уредување на секое од овие детски катчиња, локалната планира да издвои по околу 8 илјади евра или по точно 500.000 денари. Покрај средствата за поставување на нови игралишта, во рамки на програмата ќе бидат обезбедени и 2 милиони денари за уредување и реконструкција на постоечките игралишта, кои се поставени на повеќе локации во Општина Охрид.

OhridNews