Во Охрид полека се подгева празничната атмосфера. Дедомразовци шетаат низ чаршијата, а на плоштадот кај Чинарот поставени се  првите новогодишни тезги.


Прв среќата си ја испроба Муса Куртиши кој веќе ги продаде првите честитки.

-Цените се различни, има честитки од 10 до 50 денари, за сечиј џеб, вели Муса. Тој се надева дека годинава продажбата на честитки и новогодишни реквизити ќе оди подобро од лани.


Започна продажбата на новогодишните честитки и реквизити

Во текот на вчерашниот ден требаше да започне монтажата на останатите тезги кои ќе придонесат за разубавување на празничниот амбиент во Охрид.


Г. Момироски
М. Постоловски