Од денес започнаа новогодишните приредби во охридските градинки. Дедо мраз денес беше во посета на објектот Лихнида каде најмладите, во негова чест, преку песнички и игра покажаа што научиле во текот на годината која изминува.

Во наредните неколку дена новогодишните приредби, со почеток во 9 часот, ќе се одржуваат и во останатите четири објекти.

Завршната приредба ќе се одржи во вторник во централната градинка “Јасна Ристеска”.

OhridNews