Децата кои се лекуваат во Специјалната болница за ортопедија и трауматологија „Св. Еразмо“ и децата во детското одделени при Општата Болница во Охрид, денеска ги посети Дедо Мраз.
Радосни и возбудени од средбата дечињата ги примија подароците и се фотографираа со дедото со бела брада и црвена облека. Новогодишни подароци добија и дечињата кои беа на дневни прегледи во овие установи.
Организатор на настанот е Здружението на граѓани за еднаква застапеност на лица со посебни потреби во медиумите „СОС БАЛКАН МЕДИА“ со поддршка на Општина Охрид и министерството за Здравство на Р. Македонија.
OhridNews














