Дефект на водоводната мрежа во тешко пристапен терен на северната страна од Самуиловата тврдина, ги остави жителите на стариот дел од Охрид без вода за пиење речиси цел ден. Екипи на Водовод Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.