Поради интервенција на настанат дефект во попладневните часови на главната водоводна линија, денес до 24 часот ќе има прекин во водоснабдувањето на потегот од населба Св. Стефан до хотел Метропол, информираат од „Проаква“.
Екипите на МЈП Проаква Р.Е. Водовод – Охрид се на терен и работат на отстранување на дефектот.