Поради дефект на водоводната мрежа на улицата „Гоце Делчев” (пукната цевка со профил ф200 мм – салонит), настанат во раните утрински часови од 10:00 часот има прекин во водовснабдувањето кај корисниците во овој дел, информираат од ЈП Водовод Охрид.

Неколку часа без вода ќе бидат корисниците на улицата „Гоце Делчев”, вклучувајќи ги и сите споредни улици на потегот од крстосницата со улицата „Македонски Просветители” до крстосницата со улицата „Бистрица”, велат од претпријатието.

Воедно информираат дека екипите  се на терен до завршување на санацијата.

OhridNews