После сторијата на OhridNews за
дефект на водоводната инсталација на улицата „Никола Карев“ утрово интервенираа екипи на „Водовод“. По неколку часа работа во поларни услови дефектот е отстранет, но проблемот не е целосно саниран. Новиот снег и ниската температура претставуваат дополнителен проблем за работниците кои вложија голем напор да ја заменат оштетената водоводна инсталација од која три дена тече вода која мрзне на коловозот на улицата „Никола Карев“ .
OhridNews
фото: Васко Бујароски
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com