По повод денот на пожарникарството на Р.Македонија, противпожарните единици низ земјава организираат дефиле низ градовите. Ќе дефилира и противпожарната единица Струга која изминатата година интервенирала 298 пати, од тоа 52 пати на објекти, 194 пати на отворен простор, останатото се сообраќајни средства и технички интервенции, а имало и 4 лажни повици.

Најголемиот број од пожарите се предизвикани од невнимание, а интересен е фактот што од целокупниот број од предизвикани пожари, надлежниот орган за откривање на причинителите на овие пожари не откриле ниту еден, велат од ТППЕ Струга.

Во тековната година ТППЕ Струга интервенирала 70 пати.

На ниво на општина Охрид, пак, годинава се бележи рекорден број пожари. Од почетокот на 2012 до сега евидентирани се околу 170, речиси ист број пожари колку што биле евидентирани во текот на целата измината година. Само во месец март се случиле 70. Како што велат од охридската Противпожарна единица, толкав број пожари во само еден месец претходно не било случено.

 OhridNews