Со поддршка од 92 делегати на шестото изборно Собрание на општинската организација на ЛДП, M-р Дејан Блажески е избран за претседател на охридскиот огранок на партијата.

За потпретседатели се избрани Десанка Тасеска, Даниела Ангелоска и Боро Павлоски, а за секретар Рената Арнаудова.

Охридските либералдемократи најавуваат дека ќе бидат одлучувачки фактор на претстојните локални избори во Охрид и дека ќе ираат забележителна улога на локалната политичка сцена.

OhridNewa