Генаралниот секретар на ЛДП Дуфе Кукоски денес во официјално соопштение до медиумите изјави дека портпаролот на штаб на ЛДП Дејан Блажески и актуелен советник побарал да не биде дел од пратеничката листа од редовите на ЛДП заради моралната одговорност кон гласачите на Охрид и нивната доверба дадена за Совеник во Општина Охрид. Блажески есксплицитно објасни дека во овој момент најважна е битката за градот и опозициската коректура на локалната власт за подобро утре на охриѓани. Ова е еден од ретко совесните гестови во политичката историја на Македонија-вели Куковски.
Блажески во својата изјава кажа дека моралните принципи и чувството на одговорност е поважно од која и да било атрактивна политичка функција. Меѓу другото, неговата одлука ја објасни како вистинки модел за справување со, како што рече, недемократската власт.
-Од локално во Охрид, па се до централно ниво продолжуваме во рушењето на оваа власт. Луѓето и фукциите се менливи, но не и она што го оставате позади себе. Верувам и посакувам нов Претседател и нова Влада за подобро утре, дури тогаш после победата која ќе ја извојуваме можеме да дејствуваме и на други позиции но само зависно од тоа на која позиција ќе дадеме најголем придонес. – истакна Блажески.
OhridNews