Македонскиот ракометен репрезентативец Дејан Манаско го официјализираше трансферот во Веспрем. Манасков во унгарскиот првак ќе се пресели по завршувањето на сезоната, а со клубот договори едногодишна соработка.


Унгарскиот шампион Веспрем ги промовираше засилувањата за наредната сезона, меѓу кои е и левото крило на македонската репрезентација Дејан Манасков.

Крилниот ракометар по една година во Рајн Некар реши да си замине откако во конкуренција на исландскиот ветеран Валур Сигурдсон не успеа да се избори за соодветна минутажа на теренот, а и пред повеќе од еден месец германскиот клуб на левата крилна позиција го ангажираше и шведскиот репрезентативец Џери Толбринг.

Покрај Манасков Веспрем го претстави и новиот тренер за сезоната 2017/2018, Љубомир Врањеш кој доаѓа од Фленсбург, како и ракометарите Мануел Штрлек, Вилијам Акамбре, Кентин Мае и Робин Тонесен.

OhridNews