Дејан Пановски не поднел апликација за градоначалнички кандидат
02.09.12 00:05
Советникот и македонски претставник во Билатералниот секретаријат за заштита на Охридското Езеро, Дејан Пановски, не поднел апликација за кандидат за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Пановски кој во минатото на неколку пати отворено изјавуваше дека нема амбиции за градоначалничката функција, во изјава за OhridNews истакна дека останува на тој став, најавувајќи дека и натаму ќе биде политички активен и ќе се залага за интересите на Охрид.
„Има и други позиции од кои треба и мора да се помогне и на партијата и посебно на Охрид“, рече Пановски.
Дејан Пановски подолг период во медиумите и во јавноста се спомнуваше како еден од можните кандидати за градоначалник на Охрид од редовите на ВМРО ДПМНЕ.
Инаку, рокот за аплицирање за кандидат за градоначалник на општина Охрид од редовите на ВМРО- ДПМНЕ, заврши деновиве. Како што информираат од партијата пристигнатите апликации, кои засега не се обелоденуваат, ќе бидат разгледани од страна на Извршниот комитет, по што ќе биде направен потесен избор. Колку и кој од кандидатите е омилен меѓу охриѓани ќе се утврдува по пат на анкета. Одлуката кој ќе му се спротистави на Петрески на Локланите избори во 2013 година, ќе ја донесат Извршниот комитет и претседателот Никола Груески, кај кого претходно на интервју ќе помине секој од потенцијалните кандидати во потесен избор.
ОВР Струга поднесе кривична пријава против 31-годишно лице од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „телесна повреда“ и „вонбрачен живот со дете“ Тој, на 14022026 околу...
Во 2025 година требаше да се одбележат повеќе јубилеи поврзани со црквата Св Богородица Перивлепта во Охрид, едно од најзначајните духовни светилишта не само во Македонија, туку и во православието ...
Во Охрид изминатото деноноќие наврнале 29 литри дожд на метар квадратен Најмногу дожд до 7 часот утрово наврнал во Пожаране 48 литри И денеска не очекува променливо облачно време со повремени врнеж...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.