“Рибарите“ во последниот натпревар од втората етапа претрпеа убедлив пораз од екипата на Напредок. Избраниците на Михајлов одлично го отворија мечот, но не искористија изгледни прилики за погодок. На почетокот од вториот дел Напредок поведе преку Симјаноски, после водечкиот погодок кичевчани доминираа на теренот. На 2-0 зголеми Главески, а конечните 3-0 ги постави Степаноски од пенал во финишот од натпреварот.


Бубоња – (1.5) Прва слаба партија на охридската “единица“. Во првите 45 минути беше на висина на својата задача, првиот гол ја пресече екипата и самодовербата на Бубоња. За вториот погодок беше немоќен, а за третиот кумуваше откако во казнетиот простор го собори Главески.

Вељаноски – (1.5) Додека имаше резултаска неизвоснт на теренот, добро покриваше во одбраната. Кога бројките на семафорот беа “контра“ Охрид, десниот бек беше незабележлив во напад. Заменет во 75-та минута со Томески.


Цветковиќ – (1.5) За разлика од Вељаноски, српскиот интренационалец се обиде неколку пати да створи некоја прилика за погодок на охриѓани но без успешно.

Стефановиќ – Мартиновски – (1.5) Добри први 45 минути, а крајно лоши во вторите одигра бедемот пред голот на Бубоња. Стефановиќ беше премногу комотен во дуелите со напаѓачите на Напредок. Цветаноски, Симјаноски и Главески. По еден таков дуел Симјаноски со голема помош српскиот стопер ја погоди целта.

Далчески – (2) “Везистот“ на охриѓани, ги држеше конците во игра заедно со Џалески во првиот дел. Да му се насмевнеше среќата по слободниот удар во 30-та минута, текот на мечот ќе беше сосема друг. Заменет со Каланоски во 70-та минута.

Џалески – (2) – Нова солидна партија за капитенот, ја имаа играта во првиот дел но меѓутоа не ги искористија шансите. После примениот погодок, Џалески се обиде да ја врати резултаски екипата, шутираше неколку пати од далечина но ударите воглавно завршуваа над голот.


Јовановиќ – (1.5) – Играше на местото од казнетиот Брадоњиќ, вистинско освежување во првиот дел но во вториот се вклопи во целото сивило.

Блажевски – (1.5) – Старо нова приказна за младинскиот репрезентативец, играше по левата позиција. Ја имаше најдобрата прилика за погодок во првиот дел, се колебаша каде да шутира, а Пашоски му го прочита ударот. Заменет со Дејкоски во 55-та минута.


Клечкароски – (1.5) – Нова тивка партија за центарфорот на охриѓани, во текот на мечот не се најде во ниедна прилика да го загрози голот на кичевчани.

Ѓуровиќ – (1.5) Брзоногиот фудбалер премногу беше нестабилен во дуелите со Балажи и Дробаров. Не ја искористи својата брзина, а имаше и една прилика во првиот дел наместо да ја затресе мрежата се реши да лобова а потесната одбрана исфрли во корнер.


Дејкоски – (2) Вистинско освежување во нападот, влезе на местото од Блажевски во 55-та минута при резултат од 1-0 за Напредок. По додавањето на Клечкароски, биеше со глава но сантиметри го дела од погодок. Најблиску за погодок беше во 75-та минута кога не го послужи среќата и шутираше во стативата.

Каланоски – (1.5) Прекасно во игра го испрати Михајлов. Се обиде по левата позиција да направи нешто повеќе но без никаков резултат.

Томески – (1.5) Влезе во 75-та минута на местото од Вељаноски, не направи ништо забележително на мечот.

Михајлов – (1.5) Нов загубен меч во второто полувреме, изваде максимум од фудбалерите во првиот дел, а лошиот почетокот во вториот ги чинеше охриѓани пораз.

Михаил Постоловски