Дејвид Бекам по завршување на сезоната ќе се повлече од активното играње фудбал пренесуваат англиските медиуми.


– Чувствувам дека сега е најдобро време да се пензионирам затоа што сеуште можам да играм во висока форма и сакам така да ме запаметат –
рече Бекам.

Бекам кариерата ја почна во Манчестер Јунајтед под палката на Сер Алекс Фергусон. Потоа продолжи во Реал Мадрид, па од таму замина во Америка во тимот на ЛА Галакси.

Два пати додека настапуваше во Америка, Бекам паузата во МЛС лигата ја користеше за “излет“ во Европа и тоа во тимот на Милан.

Од кога му заврши договорот со Галакси, англискиот интернационалец потпиша договор со ПСЖ.

Бекам е единствениот англиски фудбалер што освоил четири титули во различни фудбалски шампионати.

Тој беше дел од легендардната генарација на Манчестер Јунајтед во 1999 година кога ја освои тројната круна. Во “кралскиот клуб“ настапуваше заедно со Фиго, Зидан, Роналдо, Раул и Роберто Карлос, а овој тим на Реал Мадрид беше нарекуван “лос галактотикос“.

Бекам за англиската селекција има настапено на 115 натпревари и постигнал 17 голови, долго време беше и капитен на репрезентацијата.

Мх.П.