Славниот фудбалер и поранеше капитен на Англија, Дејвид Бекам имал сообраќајна незгода во американската сојузна држава Калифорнија, во која за среќа нема повредени, но двете возила се значително оштетени, пренесува порталот ТМЗ, јавува „Макфакс“.
Инцидентот се случил непосредно пред луксузната куќа на Бекамови на Беверли Хиулс на запад од Лос Анџелес. Според првичните извештаи, виновник за несреќата е фудбалерот, кој минал во спротивната насока од патот по кој се движело друго возило.
Според фотографиите направени од страна на папараците кои стигнале многу брзо на местото од несреќата, од ударот на црниот „Ланд Ровер“ на Бекам целосно е уништен предниот дел. Според медиумите, на задното седиште на спортистот седел неговиот 14-годишен син Бруклин. Другото возило од инцидентот, теренецот „Ацура“ кој бил управуван од жена, исто така е оштетен во предниот делкај браникот, вдлабнато е крилото и искршени се фаровите.
Сигурно е дена несреќата нема да му причини финансиски проблеми на Бекам, Приходите на ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен од договорите со поединечните спонзори во последната година од професионалната кариера на фудбалерот надминаа 26 милиони долари.
OhridNews
извор:„Макфакс“