Дејвид Бекам отпатува во Парис да го комплетира трансферот во ПСЖ. Претставувањето на Бекам на “Паркот на принцовите“ е закажан за 17 часот.


По заминувањето од Галакси, Бекам беше слободен фудбалер, а формата ја одржуваше во Лондон тренирајќи со тимот на Арсенал. Од многубројните понуди 37 годишниот фудбалер ја одбра од богатите шеици и кариерата ќе ја продолжи во француската лига.

Со доаѓањето на Бекам во екипата на “светците“ се зголеми колонијата на ѕвезди во редовите. Староседелци се Златан Ибрахимовиќ, Тијаго Силва и поранешниот тренер на Милан, Карло Анчелоти.

Мх.П.