Познатиот илузионист Дејвид Блејн во септември ќе ја шокира публиката со нов трик – како лилјак ќе виси неколку дена и ноќи над Централ Парк во ЊуЈорк.

Блејн три дена и две ноќи ќе ја изведува точката која ќе се вика Дејвид Блејн:Скок во смртта. Завршувањето на тој потфат телевизиите ќе го пренесуваат во живо на 22 септември.


Блејн во текот на изведувањето на точката не планира да јаде, а ќе спие свртен наопачки.

Тој 35 годишен илузионист го соборил светскиот рекорд кога здивот го држел 17 минути и 4.4 секунди. Во минатите точки, на пример, бил закопан во земја седум дена и замрзнат во коцка мраз 60 часа.