Скопските „црвено црни“ ставија точка на серијата неуспеси во „Морача“ совладувајќи го составот на Будуќност со 31-28 во дербито од првата рунда во главната фаза.
Со овој триумф ракометарките на Вардар се зацврстија на првата позиција во групата.
– Знаевме дека ќе биде тешко, имавме и проблеми во текот на мечот но верувавме во себе и победивме. Цели три недели се подготвувавме за овој натпревар, трениравме напорно и на крајот заслужено се радувавме. Среќен сум поради девојките, бидејќи ги исполнија сите задачи кои ги побарав пред натпреварот. – рече Дејвис Камара после
Во следната втора рунда екипата на Вардар на домашен терен го пречекува составот на Мец.
ЛШ: „Вардарки“ го срушија проклетството во Подгорица
OhridNews