Како што информира Дејан Паноски од Билатеријалниот секретаријат, процесот е во својот зенит и веќе е подготвено потпишување на Декларацијата за воспоставување на регионот Охрид -Преспа за Биосферен резерват под УНЕСКО.
Предвидено е потпишувањето да се изврши на две нивоа . На 28 Септември, петок, во Корча- Албанија, Декларацијата ќе биде потпишана од страна на Градоначалниците од регионот од македонска, албанска и грчка страна.
Вториот настан е потпишување на Декларацијата на министерско ниво ,кое ќе се случи на 2- ри Октомври, во вторник ,во Горица- Албанија.