Португалецот со бразилско потекло Деко бил позитивен на тестот за дрога. Моментално Деко настапува за бразилскиот првак Флуминесе, а тестот го направил по мечот со Боависта на 30 март.

Во Европа, Деко настапуваше во Порто по палка на Жозе Мурињо, во шампионската генерација на Барселона и беше дел од тимот на Челси.

Со селекцијата на Португалија, Деко во 2004 стигна до финалето на Европското првенсто каде претрпеа пораз од нашиот јужен сосед.

Мх.П.