Во хуманитарна акција на лајонс-клубовите „Прилеп“ и „Деница“ од Охрид деновиве се донирани 150 специјални декубитни перници за потребите на одделенијата на Општата болница во Охрид.
Станува збор за уште една од бројните заеднички активности преку кои лајонсите на двата клуба оставаат хуман белег во општественото секојдневие.
Претходно преку слична акција Лајонс-клубот „Прилеп“ во соработка со компанијата „Иннацо-мак” исто од Прилеп донираше перници за пациентите на Инфективната клиника во Скопје, на Општата болница во Прилеп, како и за Заводот за кардиоваскуларни заболувања „Свети Стефан“ во Охрид.
OhridNews












