Еден од најзаслужните за шпанската фудбалска доминација во светот е селекторот Дел Боске. Тој направи сплет од “тик так“ играта на Барса и фајтерската игра на Реал Мадрид која резултираше со Светска и Европска круна.

– Да победиш три пат по ред на големо натпреварување беше невозможно до вечерва. Секоја чест за фудбалерите. Јас никогаш не сакав да бидам тренер кој само победува, без да воведе нешто ново. Јас од денеска се подготвувам за во иднина – истакна селекторот Дел Боске.

Освојувањето на Европката титула со Шпанија, Дел Боске го направи најтрофеен тренер воопшто во светот.

Мх.П.