– Целта беше да доминираме на средината од теренот. Напоменав дека Италија воопшто не е наивна селекцијата, а тоа се покажа на денешниот натпревар. Шанси имаше за двете селекции, но од преголем респект никој не го направи “фаталниот“ удар. На првиот меч од Европското првенство освоивме еден бод, дали ќе биде доволен ќе видиме во преостанатите два меча од гурпата – потенцираше Дел Боске.
Противник на бранителот на трофејот во втората рунда е “ранетата“ Република Ирска.