Селекторот на шпанската фудбалска репрезентација Висенте Дел Боске ја прифати понудата и ќе вечера заедно со германската канцеларка Ангела Меркел.


Германската канцеларка Ангела Меркел одговарајќи на прашања од германски познати личности, рече дека би го поканила на вечера селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Винсенте дел Боске.


„Забави не практикувам, но за вечера би ми претставувало задоволство да го поканам Винсенте дел Боске“, рече германската канцеларка Ангела Меркел рече, одговарајќи на прашањето на познатиот тенисер Борис Бекер.


Германската канцеларка е голем фан на “елфот“ и во живо го следеше финалето од Европскиот шампионат во Виена кога Германија претрпе пораз од Шпанија со 1-0.