Винсенте дел Боске со победата на неговата репрезентација на натпреварот со Венецуела, стана најуспешниот шпански селектор на сите времиња.


Некогашниот тренер на Реал против Венецуела ја забележа 39 победа во 44-от натпревар како селектор на Шпанија, со што на вечната листа го мина својот претходник Луис Арагонес која на 54 натпревари забележа 38 победи.

Стрелци во победата на Шпанија против Венецуела беа Давид Виља, Педро и Чаби Алонсо.

“извор Макфакс“
Ohridnews