Бранителот на трофејот од ЕП пред четири години Шпанија во финалето ќе се сретне со Италија. “Црвената фурија“ во пресрет на последното коло од групната фаза на ЕП имаа можност да ја елиминираат Италија ако со Хрватска одиграа 2-2. Шпанија на тој меч славеше со 1-0, благодарение на голот на Хесус Навас во финишот на мечот.

– Никогаш нема да жалиме што не се договоривме со Хрватска да ја елиминираме Италија. Тоа не е добро за спортот – истакна Дел Боске за шпанскиот весник Марка.

На прашањето кој е ќе ја преземе фаворитската улога во финалето во Киев. Стратегот на шпанската репрезентацијата одговори – Италија четирикратен Светски првак, така да неможеме да говориме за фаворит на ваков меч. Шансите се 50-50, “азурите“ во финалето ќе играат како на мечот со Германија – заврши Дел Боске.

Завршниот меч од Европското првенство во Полска и Украина се игра в недела со почетокот од 20:45 часот.

Мх.П.