Селекторот на фудбалската реперезентација на Шпанија, Винсенте Дел Боске, за пријателскиот меч со Уругвај, кој ќе се одигра на 6.февруари во Доха, ги изостави од списокот напаѓачите на Челзи и Свонси, Фернандо Торес и Мичу.


„Ја препознавме работата која ја вложува Мичу, но за него не најдовме место во тимот. Голема е конкуренцијата во тимот“, рекол Дел Боске. Селекторот во репрезентацијата го повика напаѓачот на Малага, Иско. Покрај Иско, селекторот на Шпанија во репрезентацијата го повика дефанзивецот на Челзи, Сесар Аспиликуета.


Инаку, во репрезентацијата се врати Карлес Пујол, кој поради повреда го пропушти Европското првенство во Полска и Украина. Натпреварот со Украина за светскиот и европскиот првак ќе биде последен тест пред квалификациските натпревари за пласман на СП во 2014 година, со Финска и Франција.

“Макфакс“