Селекторот на фудбалската репрезентација на Шпанија, Винсенте дел Боске, изјавил дека голманот Икер Касиљас е гордоста на Реал Мадрид.


„Икер во Реал дојде кога имаше 10 години. Неговите родители заслужуваат признание бидејќи го донесоа во тренинг центарот, мое мислење е дека парите не им биле главната мотивација. Икер е гордоста на Реал, ги има минато сите помлади категории во клубот, вредностите на клубот тој ги носи во себе“
, рекол Дел Боске.

Поводот за оваа изјава на шпанскиот селектор била одлуката на Жозе Мурињо, на мечот со Малга, Касиљас да биде на клупата за резервни фудбалери.

Одлуката на Мурињо, во шпанската јавност, предизвика поголем интерес отколку поразот кој Реал го забележа во дуелот со Малага. Според анкетета на весникот ’Марца’, речиси 83 отсто и испитаниците (вкупно 66.000) гласале Мурињо да си поднесе оставка.

Спротивно на анкетата, поранешниот тренер на Порто, Челзи и Интер нема намера да замине од функцијата. Мурињо, својата одлука да го остави Касиљас на клупата, ја образложи со тоа дека Аднан бил во подбра форма.

“Макфакс“