Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, Министерството за внатрешни работи: подрачните отсеци во Секторот за управно – надзорни работи во Одделот за граѓански работи, како и во Министерството за одбрана – одделенијата за одбрана за регион со градовите и општините во состав, со ново работно време.

Согласно одлуката на владата, од утре, 1 септември, работно време ќе се одвива од 07:00 до 14:30 часот и од 14:00 до 21:30 часот, како и првата сабота во месецот, со време на работа од 08:00 до 16:00 часот.

Со истата владина одлука, беше определено и флексибилно работно време на сите вработени од органите на државната управа. Почетокот на работното време да биде помеѓу 7:30 и 8:30 часот, а завршетокот помеѓу 15:30 и 16:30 часот, со вкупно времетраење на работниот ден од осум часа.

OhridNews