Дел од крстосница на булеварот  ,,Јане Сандански” и булевар ,,Туристичка’’  утре ќе биде затворенa за сообраќај, поради изведување на хидро- градежни активности.

Од Јавното Претпријатие ,,Нискоградба” од Охрид инфомираат дека  движењето на возила ќе биде отежнато во периодот од 8 до 15 часот. Градежните активниости ќе се изведуваат и на потегот пред Дампинг Комерц на булеварот  ,,Јане Сандански”.

OhridNews