Подолг период дел од месноста Мегдани во населбата Рача, е во темница. Причина е дефект предизвикан од камион, кој при невнимателен маневар срушил една електрична светилка и ја оштетил инсталацијата, поради што голем дел од светилките во горните делови од населбата сега не работат.

Локалните жители велат дека реагирале кај надлежните за одржување на уличното осветлување, но иако поминал речиси еден месец, дефектот се уште не е отстранет.

OhridNews