Управата на НП Галичица позитивно одговорила на сите барања за легализација на објекти изградени во зоната на националниот парк кои досега пристигнале до установата. Оттаму посочуваат дека само мал број објекти не ќе можат да се легализираат со законот за легализација на дивоградбите, затоа што се изградени во строго заштитените зони на паркот.
 
-Паралелно како што ги добиваме документите од локалната самоуправа одговараме. До сега на сите барања одговоривме позитивно и се надевам дека така ќе биде и со останатите предмети кои што ќе стигнат. Негативн одговор ќе добијат само оние објекти кои се изградени во зоната на строга заштита која е предвидена само за научни истражувања, но такви во паркот има многу малку, изјави за OhridNews Зоран Ангелоски, директор на НП Галичица.

OhridNews