Дел од охридските угостители се жалат дека Законот за заштита од пушењето во Охрид се спроведува селективно со што се врши дискриминација и се создава нелојална конкуренција во бизнисот.

Во дописот испратен до „OhridNews“, тие обвинуваат дека нивни колеги го прекршуваат Законот за заштита од пушење, а доколку надлежните органи не преземат соодветни мерки, најавуваат дека јавно ќе ги обелоденат доказите за кои тврдат дека ги поседуваат.

Очигледно е дека тоа се случува и дека малку по малку угостителите се приклучуваат на онаа група која си зеде за право законот да го стави во свои раце и дозволуваат пушење во нивните објекти,  што резултира со дискриминација, односно заработка на грбот на оние кои го почитуваат законот. Имаше обид за одредени пријавувања во Пазарната инспекција, што не вроди со резултат. Следната наша информација ќе биде комплетно документирана со фотографии и кратки видео записи и ќе  биде доставена на медиумите доколку надлежните не преземат мерки.-стои во дописот што дел од засегнатите охридски угостители го испратија до нашата редакција.

OhridNews